(ВИДЕО) Мицкоски: На 12 април ќе победи Обновата за Македонија

Од:

Предвремените избори се неминовни по она што се случуваше во земјата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба што вечерва се одржа во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

Тој нагласи дека сега следуваат предвремени избори, по кои, како што рече, ќе следи обнова на Македонија и бескомпромисна работа со цел „Македонија да ја ставиме на брза лента“.

Мицкоски истакна дека сега имаме нова реалноста и од 3 јануари 2020 година ќе имаме нова влада, но додаде дека засега не станало збор за кадровски решенија во овој кабинет.

– Разговаравме за предвремените парламентарни избори коишто се неминовност после ова што се случуваше, а тоа е нели оној дебакал којшто го доживеа владата предводена од Зоран Заев и СДСМ. Практично поразени се арамилукот, поразени се неправдите, поразени се сите оние криминални афери коишто се случуваат во изминатиот период . Следуваат предвремени парламентарни избори. На тие предвремени парламентарни избори победува обновата на Македонија, а потоа засукување на ракави и безкомппромисна работа секој ден за да можеме да го постигнеме сето она коешто е изгубено во овој период и Македонија да ја ставиме на брза лента за да стане дел од европското семејство, изјави Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека на средбата имале плодна и квалитетна дебата, и заклучиле дека сите лидери остануваат посветени на европската интеграција и членство во НАТО, бидејќи како што рече „нема друга алтернатива за Република Македонија“.

– Имавме плодна и квалитетна дебата во првиот дел ги реафирмираа сите учесници на средбата ставовите дека остануваме посветени на евроатланската интеграција на Република Македонија, членството во НАТО Алијансата и се разбира работењето понатаму во иднина за добивање дата за отпочнување на преговори со ЕУ. Тука не постоеше дилема кај никој од учесниците и мислам дека друга алтернатива за Република Македонија и не постои практично и мислам дека тоа на новинарите им беше кажано од страна на претседателот на државата, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Самка Ибраимовски: Доста е да не водат семејни кланови и партиски потрчковци

Орце Костов

Таравари: Mладите се јадрото на населението, иселувањето на младите е државен аларм

А1он

Претседателските кандидати до кампањата не смеат да трошат пари од трансакциската сметка наменета за изборна кампања

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Ахмети и Реџепи потпишаа коалиција: „Европскиот фронт“ ќе биде носител на промени, „да“ за ЕУ, „не“ за Русија

Во Русија: Најмалку 74 уапсени за протести за време на претседателските избори