Мицкоски кај Касами во Тетово: Македонија се движи во погрешен правец

Од:

За мене претставува посебна чест и задоволство што денеска сум овде во општина Тетово, што можам да разговарам со градоначалникот на општина Тетово и претседател на политичката партија БЕСА. Имавме навистина исклучително конструктивен состанок рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мискоски по денешната средба со лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами.

-Разговаравме на актуелните теми кои што ги мачат сите граѓани во Македонија, разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација, како што кажа градоначалникот зборувавме за предизвиците со енергетската криза. И навистина дојдовме до еден заеднички заклучок, а тоа е и практично заклучокот на огромно мнозинство граѓани, би рекол повеќе од две третини дека државата оди во погрешен правец, дека Македонија се движи во погрешен правец и дека оваа влада треба час поскоро да замина за да и тргне на Македонија и на граѓаните од Македонија без разлика дали се тоа граѓани на Скопје, Штип, Тетово, Гостивар, Струга или Струмица, рече Мицкоски.

-Со Христијан Мицкоски разговаравме за соработката на централно ниво, за изнаоѓање на решенија во делот на кризата во која се наоѓа државата, како и во меѓународно ниво, на внатрешен план за економската криза која е посериозна во делот на енергетската криза, разговаравме во делот на тоа како да ги координираме активностите за да имаме побрзи избори и волјата на народот да биде на централната власт, Владата да биде согласно гласовите на народот, истакна по средбата Касами.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Сите реформи од Реформската агенда ќе бидат завршени до декември

Мицкоски: Растот на индустрискиот промет и извозот се охрабрувачки сигнали

Горан Наумовски

Измените на Кривичниот законик треба да ги надминат последиците од решенијата на СДСМ и ДУИ, нема да важат ретроактивно

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Ќе се обидеме да нема алармантно поскапување на парното, ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани,

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Мицкоски најавува одбрана од европскиот енергетски шок: Јаглен од Косово и рестарт на ТЕЦ „Неготино“ за да нема поскапување на струјата