Мицкоски: Измама е тезата на Ковачевски за изборот интеграција или изолација

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната трибина во Прилеп зборуваше и за уставните промени и евроинтеграцијата на земјава.

„И во овој момент кажувам дека преставува измама тезата на Ковачевски или интеграција под бугарски диктат или изолација. Ниту еден фактор во оваа држава не посакува изолација која веќе ја имаме. И не може да се донесе нешто што веќе го живееме и во која подлабоко не втурна оваа власт. А она што е измама е фактот што кога Ковачевски ќе каже интеграција всушност мисли уставни измени и прифаќање на бугарските диктати за кои оваа наша Македонија и народ ги отфрла како понижувачки“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде „она што ме разочарува и треба нив да ги порази како личности е сервилноста која ја покажуваат пред светот“.

„Наместо да ја кодошат опозицијата и да се молат да ни прават притисоци кои се неприфатливи, треба да бараат од светот да добиеме подобри услови и фер шанса. Треба Ковачевски како премиер да побара од истата Европска унија, Бугарија да примени барем неколку од над десетината правосилни пресуди од судот за човекови права кој нотира кршење на правата на Македонците во Бугарија“, кажа Мицкоски.

Воедно, додаде претседателот Мицкоски, сакам да нагласам дека голема грешка е овие години што крупните одлуки во земјата беа носени без единство и целосна согласност на опозицијата.

„Секогаш опозицијата била ставана на страна и затоа процесите заглавувале. Власта овие 6-7 години покажа недостаток на капацитет за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за суштинските прашања, па заедно да се боревме за фер шанса за која што говорам. Зарем немаше да биде подобро кога Бугарите бараат од нас да се себе одречеме, заедно да им кажеме дека грешат, кога источниот сосед го негира нашиот јазик, заедно да им кажеме дека нашиот јазик постои и има свои корени“, рече Мицкоски.

Мицкоски заклучи „токму пактот за национално единство на кое повикувам треба да го надомести ова и да обезбеди легитимитет на процесот за одбрана на државните интереси“.

Би можело да ве интересира

Се проверува дали компании што го користат попустот на ОКТА прават реекспорт на горивата во соседството

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Мицкоски: Швајцарија е еден од нашите најзначајни партнери во развојната соработка

А1он

Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува причините на Европскиот фронт за поднесување иницијатива за уставни измени

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски, нема никаков напредок

Катерина Ѓуровски