Мицкоски: Истражните органи и Обвинителството да се произнесат за кривичната пријава против мене од Левица

Од:

Ги повикувам органитe и Обвинителството да се произнесат по кривичната пријава и доколку постои вакво кривично дело да постапи, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање да ја коментира поднесената кривична пријава против него од партијата Левица за наводно попречување на истрагата за Кочани.

-Јас сум тука, не бегам, ако сметаат дека сум згрешил. Јас сум тука и подготвен сум да одговорам. Се надевам дека професорите по право, како што се нарекуваат во Левица, дека подготвиле добра кривична пријава, а во спротивно да се извинат. Така функционираат работите во животот, јас барем така ги гледам, додаде во одговорот македонскиот премиер на денешната прес конференција во Владата.

Пратеничката група на Левица, потпишана од сите шестмина пратеници, денеска поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за кривично дело попречување на правдата.

Би можело да ве интересира

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител

(ВИДЕО) Мицкоски: Без квалитетно образование нема модерна држава

Две службенички од Основниот суд Куманово осомничени за злоупотреба на лични податоци и несовесно работење

Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите

Мицкоски: Нема закани по безбедноста, фокусот е на потенцијалните економски ефекти

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски