Мицкоски: Илинден нека обединува и потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите по нас

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска од Скопје го честиташе празникот 2 Август – Илинден Денот на Републиката.

-Овој ден нека потсетува на жртвата што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме – а тоа е слободна, независна држава Македонија. Нека нивната жртва потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите што следат после нас. Држава во која ќе имаме среќни граѓани, држава што ќе биде просперитетна. Држава што ќе биде татковина на сите, без разлика на етничката припадност. Овој ден нека обединува, ова е ден за обединување. Да се слави, јас би рекол и да ни е вековит денот. Да го чествуваме достоинствено, на помош нека ни е Свети Илија, порача Мицкоски во изјавата за медиумите.

Премиерот Мицкоски придружуван од вицепремиерот Изет Меџити и од министерката за образование Весна Јаневска претходно положи цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред Собранието, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов – Ченто.

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

Реакција на министерот за правда во врска со случајот на Ива Михаилова

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото