Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ отпочнаа 1096 проекти за нецели 100 дена

Од:

Во изминатите сто дена започнавме повеќе 1.000 проекти. Или точната бројка е 1. 090 проекти за сто дена. Започнати се со реализација 166 капитални објекти низ целата територија на Македонија, онаму каде што градоначалници се избрани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече лидерот Христијан Мицкоски на денешниот отчет за работата на локалната власт предводена од градоначалниците на неговата партија.

Тој додаде дека се започнати со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта.

– Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од приближно 100 км. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се 200 диви депонии, вели Мицкоски.

Тој рече дека е задоволен од работата на сите градоначалници.

– Се работи буквално во секоја една општина каде градоначалници се луѓето на ВМРО-ДПМНЕ. Се работи и на стотици други проекти, во кои нема да навлегувам поединечно и барам да ми простат сите останати кои нема да ги споменам денес, затоа што списокот е предолг. Но во периодот што следи ќе се презентираат поединечно и секој градоначалник ќе направи индивидуален отчет за она што е сработено. Во исто време ќе направиме и отчети по региони при што ќе ја продолжиме комуникацијата со граѓаните, заедно да реализираме и заедно да се подобруваме, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница