Мицкоски ги притиска независните пратеници да не го поддржат законот за СЈО

Од:

Мицкоски бара од исклучената независната пратеничка група да не го поддржи предлог-законот за Обвинителството, што го опфаќа и специјалното јавно обвинителство. Доколку не бидат прифатени амандманите на законот поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски барал исклучените пратеници да не гласаат за вака предложениот закон од страна на власта, велат извори од Собранието за „А1он“.

Мицкоски им понудил на осумте исклучени од партијата да дејствуваат повторно заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и да ги поддржат амандманите, а во замена за тоа мнозинската опозиција да ги поддржи предлозите на незавнисните пратеници. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во улога на професор им кажувал принципи по кои треба да дејствуваат пред да донесат одлука дали ќе гласаат за законското решние за СЈО со кое се регулира статусот на Обвинителството, брифираат собраниски извори за „А1 он“.

Доколку независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, која е составена од 7 члена на ВМРО-ДПМНЕ и еден пратеник од Социјалистичката партија, кои гласаа за уставните измени, го поддржат законот за СЈО, тогаш Мицкоски рекол дека тоа ќе биде нов зариен нож во срцето.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ на средбата ги споменувал и меѓународните фактори оти, според него, тие прават најголем притисок за донесување на законот за СЈО, на што независните пратеници реагирале и негирале какво било влијание од страна.

Сепак, на средбата биле донесени и одредени заклучоци за кои Мицкоски рекол дека ќе размисли, па потоа ќе иницира втора средба.

Вчера, по завршувањето на средбата, независната пратеничка група преку соопштение извести дека се разговарало само за актуелната политика состојба и за реформските закони. Детаљни информации не дадоа ниту од ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатите недели власта и опозицијата одржаа две рунди преговори, кои завршија без договор. Опозицијата бара државниот обвинител да биде нивен предлог, по 30 јуни 2017, истрагите на СЈО да бидат прекинати и СЈО да стане одделение под надлежност на одделението за организиран криминал. Од власта обвинија дека со предлозите ВМРО-ДПМНЕ единствено бара амнестија.

Во октомври минатата година Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска-Старова, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски и Зеќир Рамчиловиќ. Заедно со пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ тие гласаа за отворање на Уставот, со што го обезбедија потребното двотретинско мнозинство за уставните измени.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски