Мицкоски ги повика пратениците на СДСМ да го одбијат францускиот предлог

Од:

„Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка која е контраверзна и недостоинствена за Република Македонија овие денови влегува во собраниска процедура. Сакам на почетокот јасно да подвлечам дека независно што ќе се расправа во Собранието, за нејзиното прифаќање пресудно беше влијанието на Владата на СДСМ и ДУИ која игнорирајќи ја волјата на огромното мнозинство граѓани, на сила сака да протурка процедура која е во целосна спротивност со државните и национални интереси” изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето видео обраќање до пратениците на СДСМ.

Тој додаде дека се работи за информација која Собранието ја носи со просто мнозинство, односно со 41 пратеник од присутни 61. Суштински, усвојувањето, односно неусвојувањето на оваа информација нема да смени ништо посебно бидејќи Владата на Ковачевски истата веќе ја прифати.

Мицкоски ги повика пратениците на СДСМ да не подлегнуваат на притисоците на власта и да постапат исклучиво според сопствената совест.

„Пратеници од СДСМ, Вие отфрлете ја информацијата на Владата, а јас ви ветувам дека нема да барам избори и ќе поддржам опстојување на оваа влада, па макар било тоа и малцинска, само Македонија да не биде уценетата и понижена и да не се прифати она што сега ни се нуди. Мојата понуда е чесна и искрена и таа е водена исклучиво од интересите на народот и иднината на нашата Македонија” , изави Мицкоски.

Тој уште еднаш ги повика пратениците да застанат со народот на Македонија на вистинската страна од историјата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нуди поволни услови и квалификувана работна сила

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство пред останатите политички партии

А1он