Мицкоски е во шок од изборниот резултат, велат од СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија и дека е на пат да освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година. Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија. Факт е дека изгубија 140.000 гласови, факт е дека доколку утре би имало парламентарни избори би освоиле 7 пратеници помалку и дека пропаднаа сите планови за пасокизација на СДСМ на која толку многу работеа, велат од СДСМ.

„Граѓаните јасно го поразија и неговиот коалициски партнер ЗНАМ, кој требаше да биде тројанскиот коњ за делење на СДСМ. Овој план пропадна и ЗНАМ е на пат на исчезнување. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мораат да пуштаат секојдневни соопштенија за лажно да ги мотивираат своите гласачи, но реалноста е сосема поинаква. СДСМ продолжува со својата кампања во 17 општини. Ги повикуваме граѓаните да излезат масовно на гласање, да ги поддржат нашите чесни и докажани кандидати кои искрено и посветено ќе работат за граѓаните“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија