Мицкоски: Доблесно е после сите скандали Спасовски да си даде оставка

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за медиумите кажа дека нечуено е што претседателот на собранието Талат Џафери им го одзема правото на пратениците од пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ да дебатираат за интерпелацијата на министерот Спасовски.

Мицкоски истакна дека после сите скандали доблесно е Спасовски да си даде оставка на функцијата што ја извршува и колку толку да спаси што е останато од неговата чест.

– Нечуено е тоа што го примени вчера спикерот Талат Џафери да се одземе правото на опозицијата да дебатира на интерпелација на министер. Ме зачуди зошто нема 62 пратеника подршка, очигледно двајца недостасуваа. Дали изгубил во меѓувреме треба да си одговори тој на тоа прашање?! Мој совет е дека после сите овие скандали кои што се појавија и кои што ќе се појават како што кажав веднаш после празниците доблесно од негова страна ќе биде да ја напушти позицијата и колку толку да може да спаси од својата чест, појасни Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски потенцираше дека „Спасовски како човек кој што поддржува аболиран политичар, кој што национално ја опустоши државата, каков што е Зоран Заев, нема ниту грам достоинство“.

– Но човек кој што поддржува слепо аболиран политичар кој што влезе во политиката преку првостепена судска пресуда за да потоа на апелација, во втор степен, да му биде укината, денот како го потпиша оној капитулантски договор односно откако одлучи национално да ја опустоши државата тој човек нема достоинство, заврши Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски