Мицкоски: Добивме нови документи и сознанија за случајот Онкологија, испитуваме, ќе ги изнесеме сите грозоморни криминали

Од:

На денешната теренска активност во Општина Лозово во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека случајот Онкологија е еден грозоморен настан кој е коментиран веќе подолго време, а работата на собраниската комисија на површина има изнесено катаклизмични и шокантни информации.

„Морам да кажам дека преку свиркачи добиваме многу сведоштва, документи и таков еден случај документиран прилично темелно и јасно добивме пред неколку дена и го истражуваме и анализираме кои се однесува за сега, а не за минатото. Бидејќи анкетната комисија го опфаќа периодот до 2020-та година, јас зборувам за сега за 2023-та година“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека сеуште информациите од свиркачот се проверуваат и доколку се потврдат информациите лично тој ќе излезе во јавност со тие информации.

„Ако тоа се потврди за точно тогаш навистина можам да кажам дека имаме работа со монструми, а не со луѓе кои и покрај ова што се случува и покрај епскиот скандал тие повторно продолжуваат со злоупотреби кои имаат нечовечки размери и ние планираме со ова да излеземе во јавност доколку ова што го достави свиркачот се потврди како точно и имаме намера на обвинителството да му отвориме сериозна работа бидејќи гледаме дека истрагата во МВР се калкулира, се препелкаат тогаш имаме ние намера, ние да ја преземеме работата во свои раце и да одиме до крај“, заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат