(ВИДЕО) Мицкоски: Дескоска е пречка што немаме договор за законот за ЈО

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека гневот на министерката за правда, Рената Дескоска, е основната пречка што преговорите за Законот за јавно обвинителство не се завршени. Тој вели дека неговата партија се залага за правда, а Дескоска за политички договор.

„Навистина жалам што министерката за правда на моменти се прерава во министерка за неправда. Толкав гнев кон ВМРО-ДПМНЕ јас не сум сретнал. Таа во секој поглед гледа да ги минира преговорите. Таа е основната пречка е што тие преговори не завршија. Нашата позиција е јасна а тоа е правда и правдина без разлика на политичката припадност. Тој што се огрешил пред законите, тој треба да сноси одговорнсот низ фер судски процес. Позицијата на Дескоска е политичка и има за цел пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Затоа не можеме да ги доближиме преговорите. Политички договор за правно прашње ќе донесе куферчиња, рекетирање и слично. Доколку постои намера за договор, тој ќе беше најден до овој момент. Ние преговараме со факти и аргументи“, вели Мицкоски.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе остават простор за договор. Мицкоски потенцираше дека планот „Б“ кој го презентираше Десковска е потрешен и ќе донесе неправда.

„Вистина е дека се преговара за законот за јавно обвинителство. Ќе оставиме простор за преговорите да течат. Истовремено се преговара и за законите за кои ВМРО-ДПМНЕ имаше поинакви мислења од СДСМ. Планот Б е правно погрешен и тој може да направи услуга на неправдата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи