Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Владата да покаже поголема грижа, тие се еден од столбовите на нашата држава

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес преку социјалните мрежи од лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ им го честиташе 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Македонија на сите припадници на Армијата.

-Сакам да упатам честитка за вашата храброст и пожртвуваност со кои настапувате во сите ваши работни задачи во функција на одбраната на Република Македонија и мисиите во странство, каде нашата Армија рамо до рамо со армиите од демократскиот свет е стожер на мирот и безбедноста во светски рамки. Ние се гордееме со професионалноста на нашите војници, со нивната стручност и мотивираност за извршување на своите задачи кои ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди и по ништо не се разликуваат од нивните колеги од земјите членки на Алијансата. 18-ти Август е денот кога во 1943 година на Славеј планина за првпат во историјата на Република Македонија е формирана првата организирана воена формација Баталјонот „Мирче Ацев“ составен од искрени патриоти, наследници на идејата на Илинденците кои преку НОБ ја ослободија Република Македонија од фашистичката окупација, стои во објавата на Мицкоски.

Партискиот лидер истакнува дека е чест е да се биде наследник на Илинденците и припадниците на НОБ, вие достојно ги наследивте.

-Македонската Армија во текот на целото нејзино постоење е фактор на стабилност и институција со голема доверба кај граѓаните, верувам дека тоа и ќе остане така. Мора да се води поголема сметка и грижа за припадниците на АРМ. Поддршката од државата, и обезбедувањето на основни услови за непречена работа мора да бидат приоритет. Вложувањето во АРМ е инвестиција во нашата сигурност. АРМ е симболот на нашата државност. И тоа мора да се запази и опстои. Затоа е важна и одбраната на тој институционален идентитет како важен елемент на националниот идентитет на нашата држава и народ, загрозен со договорот кој го договори Македонската Влада. АРМ како и сите други институции во државата кој во себе го содржат зборот Македонија мора да продолжат да бидат носители и обележје на нашето постоење. Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија дозволете ми уште еднаш да ви го честитам 18-ти Август, да ви изразам почит и благодарност за вашата работа, посветеност и пожртвуваност за Република Македонија, нагласува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во својот статус.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија