ВИДЕО: Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција кажа дека разговарал со поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева за имотот на партијата, кој е под истрага во еден од предметите на СЈО.

Како што тврди Мицкоски таа барала поддршка на законот за СЈО за да се одмрзне партискиот имот.

За ова, рече тој, подготвен е да сведочи.

За вчерашното апсење Мицкоски вели дека е голем октопод, втор криминален од обвинители поддржани од власта.

– Акцијата е театар за да се спасат вистинските криминалци, за да се заштити Катица Јанева. Врвот на власта седи зад овој скандал, рече Мицкоски.

„Компромитираното СЈО е завршена работа, а сега треба да има притвор за Катица Јанева и сите вмешани, зошто исполнети се сите услови за ваква мерка. Има можност за повторување на делото зошто Јанева уште е прв човек на СЈО, има можност за бегство и за влијание“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ