Мицкоски: Архиепископот Стефан и Синодот ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека лично, Архиепископот Стефан ја има неговата недвосмислена поддршка за секој чекор кој што го презема, исто како и останатите владици во Синодот и кажа дека единственото нешто кои тие ќе го направат, ќе биде во насока на заштита на интересите на православните христијани и во насока на заштита на македонскиот народ.

– Ја користам оваа прилика да упатат порака до сите православни верници да се обединиме околу МПЦ-ОА. Јас сум свесен, како многу пати во минатото и вековите наназад дека ќе имаме луѓе кои ќе сакаат да направат поделба, кои ќе шират скептицизам, недоверба, свесен сум дека тие луѓе се под жестоко влијание на оние сили на кои што не им одговара македонско единство, кои не им одговара обединување околу Синодот на МПЦ. Ние мораме како народ да се обединиме овој пат, ние мораме да бидеме паметни, не смееме да дозволиме надворешни фактори да нѐ разделуваат.

Сигурно и Архиепископот Стефан и владиците во Синодот знаат што е најдобро за македонскиот народ и православните верници и затоа повикувам на единство. Ја користам оваа прилика и да ја поздравам и одлуката на Вселенскиот Патријарх, кога практично се тргна и шизмата, кога МПЦ-ОА влезе во канонско единство со што јасно се покажува нашата разлика од останатите Балкански православни народи и јасно се става до знаење дека тоа е она кое што е вистинската патека и очекувам набргу, во периодот што следи и формално да се добие томосот и конечно да се добие автокефалност – рече Мицкоски.

Мицкоски кажа и дека токму затоа ни е потребно обединување и духот и енергијата на сите православни верници да го насочиме кој Архиепископот г.г. Стефан, како и кон владиците од Синодот, да дадеме недвосмилена поддршка и сите заедно да се обединиме.

А тие, додаде Мицкоски, да работат за интересите на народот како што и работат до сега, да внесуваат верба и надеж бидејќи народот најмногу верува во МПЦ-ОА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски се сретна со Кошта: Македонија да не биде заложник на билатерални спорови и препреки

СДСМ: Мицкоски подлегна на заканите од трговците и повторно ги излажа граѓаните

Мицкоски и четворица министри на Минхенската конференција

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста