Мицкоски: Апелирам Тупанчевски наместо да дава недвосмислена поддршка на Ахмети и Груби, да се потруди и да воспостави европски вредности

Од:

Ако министерот за правда и мој колега од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, редовен професор е мотивирачки да сме во друштвото на Суринам, Тунис и Индија наместо во Европската Унија, за мене тоа е девастирачки и понижувачки. Се надевам дека нашите студенти не ги воспитуваме и учиме на вредностите на Тунис, Суринам и Индија со сета почит кон тие држави, туку на вредностите кои што ги споделува Европската Унија“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање за коментар за Извештајот на „Транспаренси Интернешнл“.

Мицкоски додаде дека уште еднаш власта покажува политичка незрелост.

Уште еднашка покажува политичка незрелост оваа Влада, и со тие позиции кои што ги рефлектира дополнително го обесхрабрува македонскиот народ. Ние сме држава со висока корупција, висок криминал за жал, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи единствена светла точка во државата се општините каде што градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не сакам да бидам обвинет дека ете за тоа ги форсирам општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, но помина доволно време за да можат граѓаните да оценат како работат кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, а како работи централната власт која што е практично раководена од Владата на ДУИ, а поддржана од СДСМ“, истакна Мицкоски.

„Така што јас би апелирал до мојот колега наместо да дава недвосмислена поддршка на Али Ахмети и Артан Груби, да се посвети малку и да ги воспитува студентите на европските вредности наместо да се споредуваме и да сме задоволни и да сме охрабрени со тоа што се наоѓаме во друштво на Суринам, Тунис и Индија“, укажа Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Христијан Мицкоски спие мирно?

Горан Наумовски

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот