Мицевски: Текст од една страна е целиот материјал што Владата го испрати за одлучување во Собранието, срамота

Од:

„Како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денес испративме писмо до Претседателот на Собранието Талат Џафери со кое што бараме Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, која што вчера беше пратена до Собранието, да ја врати во Владата бидејќи не содржи ниту еден документ“, вели Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е класична девастација и девалвација на Собранието и ова е класична злоупотреба и симнување на најниско ниво на законодавниот дом. Имено, материјалот што е стасан од Владата во Собранието се заснова на информација за предлог преговарачката рамка од еден лист.

Текст од една страна е целиот материјал што Владата го испрати за одлучување во Собранието врз основа на кое што треба пратениците да се изјаснат за иднината на Република Македонија. Срамота за државата, срамота за Владата, а уште поголема срамота за Собранието кое што прима вакви документи“, вели Мицевски.

„Никаде во испратениот материјал ги нема,
• Документот со заеднички став на ЕУ,
• Предлог преговарачката рамка на ЕУ односно општиот став на ЕУ,
• Предлог-заклучучоците на Советот и
• Билатералниот протокол помеѓу Македонија и Бугарија, за кој што и министерот Османи и министерката Генчовска изјавија дека е усогласен.

Криењето на овие документи, само ја зголемува загриженоста дека овој пакет на документи е штетен за Македонија.

Апелираме до сите и до вас новинарите, да направиме заеднички притисок македоско-бугарскиот протокол да биде објавен веднаш.

Ги повикувам и пратениците од власта да направат притисок, да ги добијат сите релевантни документи, влучувајќи го и билатералниот протокол врз основа на кои што ќе можат да решаваат и да носат одлуки и да не дозволат да бидат повторно гласачка машина на веќе договорени процеси на Владата и челниците на Собранието“, рече координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е класичен пример за префрлање на одговорноста за штетниот француски предлог врз пратениците. Се работи за Меѓувладина конференција која што ја одобрува и потпишува Владата, а не Собранието да ја задолжува Владата со заклучоци. Нема да дозволиме да се кријат зад нас пратениците и токму затоа го повукуваме Џафери, да не го вовлекува Собранието во оваа игра на Владата“, изјави Мицевски.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски