Мицевски му се пожали на Жбогар за високото ниво на корупција

Од:

Kоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и член на ИК на партијата, Никола Мицевски оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

На состанокот беше разговарано за реформските закони кои и претстојат на Република Македонија во иднина, од областа на правосудството, подобрување на етичкиот кодекс и деловникот за работа на Собранието во состав на процесот „Жан Моне“.

Мицевски и Жбогар разговараа и за очекуваната посета на пратеници од европскиот парламент на крајот на февруари.

Мицевски го запозна својот соговорник за забелешките на ВМРО-ДПМНЕ во однос на злоупотребата на европското знаменце при носење на законот за двојазичност во Собранието, високото ниво на корупција, кое е забележано и од меѓународни институции како Транспаренси, неработата на оваа влада, која се гледа и преку слабото ниво на реализација на капиталните инвестиции за 2018 година, но и за назадувањето на економијата во целост.

Мицевски го информираше Жбогар и за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, како единствен начин за разрешување на хаосот во кој е втурната општеството поради неработата на власта.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?