Мицевски: Граѓаните не ни дадоа легитимитет за промена на Уставот

Од:

Во Законодавниот дом започна расправата по нацрт-амандманите на Уставот . На почетокот, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара точката да се тргне од дневен ред бидејќи, рече, значи кршење на Уставот а е против вољата на народот, кој на Референдум испрати порака дека е против промена на името.

„Не смее да се крши вољата на милион и двесте илјади граѓани кои се против договорот од Преспа и се против промена на името. Граѓаните не ни дадоа легитимитет за промена на Уставот .Ние сме должни тоа да го почитуваме“, рече Мицевски.

За предлогот на Мицевски гласаа 22 пратеника а 61 против. Пратениците продолжуваат со дебата за 4 те уставни амандмани.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица