Мицевски: Фрапантно е како ЈО молчи за аудито од 130 илјади евра на Филипче, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски

Од:

Фрапантно е како ЈО молчи за аудито од 130 илјади евра на Филипче, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски.

Венко Филипче од позиција на носител на листа на СДС во 4-тата изборна единица добива возило од 130 илјади евра.

Газдата на Зобек мининг, фирмата која го купува возилото за Филипче за медиумите кажа дека тој го земал луксузниот џип ауди Q8 на лизинг и му го дал на Филипче, и дека истото сега се наоѓа во негово владение, рече на прес конференција Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголем проблем тука е што фирмата Зобек мининг е добитник на државни тендери во ЕСМ за набавка на јаглен во износ од неколку десетина милиони евра.

Ист е и случајот со Пеце Мирчевски, за кого ЈО отвори постапка и го гони, затоа што фирма добитник на државни тендери му дала две возила.

Што е разликата во случајот со Филипче и Мирчевски. Имено единствената разлика е што Венко Филипче е претседател на СДС, и ЈО не смее да постапува.

Го повикуваме ЈО да не замижува пред овој очигледен криминал и да отвори постапка за Венко Филипче, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%