МИА и МРТ следна тема на партиските преговори

Од:

Јавниот сервис Македонска радио телевизија и Македонската информатива агенција (МИА) ќе бидат следна тема на преговорите меѓу работните групи на четирите најголеми политички партии. Денеска групите имаа средба на која ја утврдиле рамката по која ќе се одвиваат преговорите. Предвидено од петок да следат интензивни разговори кои, пак, треба да завршат заклучно со 20-ти ноември кога се очекува да се донесат конкретни одлуки.

-Денеска утврдивме за што ќе се преговара. Во следниот период ќе се разговара за МРТ, за Агенцијата за медиуми, за измени и дополнувања во Законот за аудио и адуио-визуелни медиумски услуги, Законот за медиуми, како и за МИА. Дополнително тука ќе бидат вклучени и одредбите од Изборниот закон што веќе ги договоривме, околу забраната за владино рекламирање – изјави за „А1он“, Роберт Поповски од СДСМ.

Следната средба на работните групи ќе се одржи во четврток и на неа ќе присуствуваат претставници од невладин сектор, здруженија и експерти кои работат во областа на новинарството и медиумите. Целта е да се слушнат нивните размислувања пред партиите да ги конципираат и изнесат своите позиции. Учеството на експерти и здруженија било на предлог на олеснувачот во преговорите, Питер Ванхауте.

На денешната средба освен Поповски од СДСМ, присуствувал и Стевица Јосифовски, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

М.В.

Би можело да ве интересира

Дарко Јаневски нов директор на МИА

Утврдена листата кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија

37 кандидати се пријавиле на конкурсот за членови на Програмскиот совет на МРТ

Мециновиќ: Зошто седум години не се распишува оглас за генерален директор на МРТ

Катерина Ѓуровски

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски