Мета во Дебар: Албанско – македонските односи многу добри и стабилни

Од:

Албанско- македонските билатерални односи се многу добри, стабилни, во секој поглед, но можеме повеќе пред сè во економоијата и трговската размена, оцени албанскиот претседател Илир Мета, кој денеска престојува во Дебар.

-Се надевам дека набрзо ќе заврши и изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“(Патот на Арбр) што е една одлична можност за економски „процут“ на Дебар, но и за целиот овој регион. Тоа ќе значи и нови работни места и задржување на младите на родното огниште, рече Мета, додавајќи дека треба да се даде посебен импулс во сорабоката за справување со пандемијата.

Тој одговори на новинарско прашање и околу евроинтегративниот процес на Албанија и на Северна Македонија, оценувајќи дека „Македонија е на сигурен пат, наспроти Албанија која треба уште да направи“.

-Сметам дека Македонија спроведе зрели политички и демократски процеси. Македонија е на сигурен пат. Се надевам дека во односот со Бугарија прашањата ќе бидат надминати во европски духот и соработка. Нам ни останува многу повеќе работа, секако ќе настојуваме да ги исполниме задачите, а тука битно е успешно да ги спроведеме и изборите, тие да бидат слободни и демократски избори. Така ќе се случи во секој случај, оцени Мета.

Автопатот „Руга е Арбрит“ ја скусува оддалеченоста од граничниот премин „Блато“,кај Дебар до Тирана за повеќе од 100 клометри и ќе изнесува осумдесеттина.

Мета претходно имаше куса средба со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, а се обрати и пред членовите на Советот на општината. Попладнево ќе има поздравен збор на свечената академија по повод одбележувањето на 111- годшнината од Дебарскот конгрес. На свеченоста ќе се обрати и претседателот на Парламентот на Македонија, Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген