Место да се самоизолира од осми март се шетал и заразил повеќе лица, МВР ќе му поднесе кривична пријава

Од:

Министерство за внатрешни работи ќе поднесе кривична пријава против лице кое место да биде во самоизолација, од осми март се шета и ги прекршува правилата за заштита од коронавирус. Заменик – министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска извести дека за прекршителот подготвиле кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик.

„Осомничениот со иницијали Ф.К. на осми март направил влез на Табановце и од здравствената екипа е известен за одлуките дека е прогласена епидемија. Известен е дека треба да биде во самоизолација со изјава во која ја дозволува самоизолацијата. Место да ги почитува, се однесувал спротивно на одлуките и во континуитет контактирал со родителите, со братот, со негова пријателка, одел во фирмата и не се придржувал до препораките. Однесувајќи се несовесно и неодговорно заразил повеќе лица и допринел за ширењето на епидемијата“, рече заменик – министерката Петровска.

Лицето било повикано во полициската станица во Карпош на проверка и разговор. Таму, заемник – министерката Петровска, вели дека осомничениот дал лажен исказ, изјавил дека не патувал.

Деталите околу тоа за кое лице се работи и која е фирмата во која постојано одело лицето кое не ги почитувало препораките, заменик – министерката најави дека ќе ги соопшти утре, откако ќе биде поднесена кривичната пријава. Точниот број на заразени од него, пак, ќе се утврдува со помош на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена