(ВИДЕО) Месиќ: Спорот со името за Македонија е длабоко национално прашање

Од:

„Спорот со името, за Македонија е длабоко национално прашање, додека за Грција е уште едно политичко прашање какви што таа има многу и може да се реши само низ преговори“, изјави поранешниот претседател на Хрватска Стјепан Месиќ кој при посетата на Тетово беше прогласен за почесен граѓанин.

Границите на Балканот се конечно дефинирани и нема да има нивна промена, сега треба да се залагаме за нивно отварање со самото интегрирање во Европската унија, рече Месиќ, порачувајќи дека Грција треба да и помогне на Македонија на тој пат.

Месиќ смета дека Македонија во дваесетте години самостојност имала и подеми и падови. Ја пофали нејзината политика на толерација и соживот на различните етнички заедници.

За односите помеѓу Србија и Косово рече дека Србија не мора да го признае Косово, но мора да дозволи регионот да соработува.

Поранешниот Хрватски претседателот денеска имаше средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, а утре ќе се сретне со потпретседателката на владата Теута Арифи во седиштето на ДУИ во Мала Речица.

На Универзитетот на Југоисточна Европа одржа предавање, по кое ја доби титулата почесен доктор на науки.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска