Мерко повторно кандидат на ДУИ за Струга, кривичните и постапувањето спротивно на законите не ги предомислија да го кандидираат

Од:

Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, ќе биде кандидат на ДУИ и на претстојните локални избори. Ова го потврди Артан Груби за време на трибина во Охрид, на која учествуваше и Мерко. Тој очекува ДУИ уште еднаш да победи во Струга, а Мерко да го добие и четвртиот мандат во градот.

„Ќе издвојуваме победа уште еднаш. Тоа е благодарение и на работата што Рамиз ја заврши заедно со тимот. Нема патишта и булевари во Струга каде не се работи, ниту проект што не се реализира“, рече Груби.

Кривичните пријави против Мерко, но и неговото постапување спротивно на заложбите на Владата, со неспроведување на законите, не беа пречка за тој одново да биде кандидат.

„А1он“ во серијалот „Досие: Мерко“ досега објави дека за три мандати, против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, биле поднесени 14 кривични пријави. Кривичните пријави ги добил додека ја извршувал функцијата.

Во вториот дел од истражувањето на „А1он“, објавивме дека Струга има 329 дивоградби за кои општинските градежни инспектори имаат изготвено активни решенија за уривање. Ниту еден од овие објекти не може да биде легализиран, бидејќи се изградени по 2011 година. Од нив, 44 објекти се на крајбрежниот заштитен појас. Општината има и 4.040 дивоградби кои треба да се отстранат бидејќи барањата за легализирање им се одбиени. Наспроти овие податоци, Мерко во неколку наврати уверуваше дека во Струга нема дивоградби.

Би можело да ве интересира

Куп преставки за Мерко, а сите во фиока – Судски совет ја изгубил пријавата против судија, обвинителството го шетало предметот, обвинуваат од Антикорупциска

Струшкиот градоначалник Мерко има шест кривични во Обвинителство – Ниту една завршена, ги чува ли некој во фиока?

Анита Петровска Рајковиќ

Груби: Правилна е одлуката Мерко повторно да биде кандидат за градоначалник на Струга

(ВИДЕО) Досие „Мерко“: Со 146 илјади евра без дозвола реновира зграда заштитена со закон, за таму да ја пресели општината

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Досие „Мерко“: 329 решенија за уривање дивоградби во Струга седат во фиока, 44 објекти се на крајбрежјето

(ВИДЕО) Досие „Мерко“: 14 кривични пријави, една процесирана, ниту една пресуда

Кристијан Ландов