Мерко повторно кандидат на ДУИ за Струга, кривичните и постапувањето спротивно на законите не ги предомислија да го кандидираат

Од:

Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, ќе биде кандидат на ДУИ и на претстојните локални избори. Ова го потврди Артан Груби за време на трибина во Охрид, на која учествуваше и Мерко. Тој очекува ДУИ уште еднаш да победи во Струга, а Мерко да го добие и четвртиот мандат во градот.

„Ќе издвојуваме победа уште еднаш. Тоа е благодарение и на работата што Рамиз ја заврши заедно со тимот. Нема патишта и булевари во Струга каде не се работи, ниту проект што не се реализира“, рече Груби.

Кривичните пријави против Мерко, но и неговото постапување спротивно на заложбите на Владата, со неспроведување на законите, не беа пречка за тој одново да биде кандидат.

„А1он“ во серијалот „Досие: Мерко“ досега објави дека за три мандати, против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, биле поднесени 14 кривични пријави. Кривичните пријави ги добил додека ја извршувал функцијата.

Во вториот дел од истражувањето на „А1он“, објавивме дека Струга има 329 дивоградби за кои општинските градежни инспектори имаат изготвено активни решенија за уривање. Ниту еден од овие објекти не може да биде легализиран, бидејќи се изградени по 2011 година. Од нив, 44 објекти се на крајбрежниот заштитен појас. Општината има и 4.040 дивоградби кои треба да се отстранат бидејќи барањата за легализирање им се одбиени. Наспроти овие податоци, Мерко во неколку наврати уверуваше дека во Струга нема дивоградби.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица

Градоначалникот Мерко е осуден со 10.000 евра парична казна

Петковски: Обвинителството не докаже дека Мерко е виновен за незаконско назначување директори во три училишта

Горан Наумовски

Мерко не сторил кривично дело кога купил луксузно „ауди“

Горан Наумовски

Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга

Од почеток почна судскиот процес против градоначалникот Мерко за набавката на автомобил „ауди А6“

Горан Наумовски