Мерки на Кризниот штаб во Охрид за престојните забрани за движење во викендите

Од:

Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Коронавирусот, донесе повеќе заклучоци, за начинот на спроведување на мерките за продолжен полициски час за време на викендите.

Согласно одлуките, маркетите и економските оператори на територијата на Општина Охрид што се регистрирани за он-лајн продажба, ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на полицискиот час во текот на викендот. За тоа тие ќе мора да испратат барање до Кризниот штаб на електронската адреса [email protected] најдоцна до утре напладне. Макисмално ќе биде дозволено движење на пет вработени лица (доставувачи) од маркет, сите со соодветна заштитна опрема.

На сличен начин ќе работат и аптеките за време на полицискиот час за време на викендот, со испраќање на потребните податоци на истиот е-маил, со цел навремена координација со мобилните тимови на Општина Охрид, Црвениот крст и СВР – Охрид.

До банките се апелира да обезбедат редарски мерки за клиентите кои чекаат на шалтерите и пред влезовите на банките, како и за банкоматите пред филијалите и експозитурите.

За маркетите останува препораката за задолжителна дезинфекција на објектите во утринските часови пред почетокот на работното време.

Што се однесува на граѓаните, од нив се бара доколку имаат неодложна или итна потреба од движење за време на траењето на полицискиот час за време на викендот, да достават барање до СВР – Охрид, најдоцна до утре до 12 часот.

Кризниот штаб на Општина Охрид упати барање до Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да изнајде решение за редуцирање или ограничување на движењето на граѓаните од Охрид кон Струга и обратно, со цел поголема заштита и превенција на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

Левица: Јавните претпријатија повторно во загуба иако ги покачија цените врз грбот на охриѓани

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Охриѓанец осомничен за обид за убиство на 39-годишна скопјанка