Меркел: Спорот за името се приближува кон решение

Од:

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не се влијае позитивно, ако се врши притисок, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференцијата со македонскиот премиер Зоран Заев во Берлин.

– Спорот меѓу Македонија и Грција треба да биде решен, притисокот во преговорите не носи корист. Имам впечаток дека двете страни по долго време имаат интерес за решавање на спорот. Тоа е добар предуслов, рече Меркел, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали на средбата со Заев се разговарало за спорот со Грција и дали истото прашање било тема на вчерашниот телефонски разговор со Алексис Ципрас.

Германската канцеларка истакна дека Македонија е поблиску од кога и да е во изминатата декада до решение за спорот со Грција околу името, кој го попречува интегрирањето на земјата во ЕУ и НАТО.

– Ме претставува големо задоволство тоа што има придвижување во преговорите. Во изминатите десет години решението не било толку блиску, како што е сега и би било извонредно доколку двете страни успеат да ги премостат препреките, истакна Меркел.

Таа напомена дека и двете страни се однесуваат одговорно во обновените преговори и оти и Грција и Македонија знаат што можат да дадат за да се постигне компромис.

– Компромисите се секогаш болни, но и неопходни. Тоа е дипломатска уметност и за тоа не треба да се зборува на прес-конференции, туку зад затворени врати. Верувам дека јавните изјави повеќе може да му наштетат, отколку да му користат на процесот, додаде германската канцеларка.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска