Меркел: Решавањето на спорот за името е многу важна вест

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел е задоволна поради надминувањето на деценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција и смета дека сега е отворен патот за интеграција на земјава во НАТО и Европската унија.

-Ова е само мала, но многу важна вест, која има многу врска со војна и мир, како и со стабилност, изјави Меркел на собир на ЦДУ во Тринвилерсхаген.

Како што пренесе радиото Дојче веле на македонски јазик, Меркел активно го следи проблемот уште од самитот на НАТО во Букурешт и прави обиди за наоѓање начин Македонија да стане членка на Алијансата и да се приклучи на Унијата.

-Сега, со Преспанскиот договор, патот за земјата е отворен, оцени канцеларката.

Би можело да ве интересира

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он