Мендух Тачи: Нема дилема дека е прислушувано од внатре

Од:

Една конструирана работа и монтиран разговор. Никаков впечаток немам од тоа што е објавено, изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска одговарајќи на прашање околу автентичноста на вчера објавениот негов телефонски разговор со Сашо Мијалков од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Колку е автентичен Заев како Македонец толку е автентичен разговорот. Смешните човечиња што ништо не објавуваат за ДУИ, за корупција, криминал и други работи со еден обичен конструиран разговор сакаат да прават пореметување кај Албанците. Им порачувам политичката борба ќе продолжи до смрт, а на членовите на СДСМ им порачувам да се подготват уште педесет години да бидат опозиција на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Тачи во партиското седиште во Тетово по средбата со германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

Во однос на целата афера за прислушување Тачи рече дека во Македонија освен ДПА секој секого прислушува и оти секој е вклучен во овие прислушувања.

“Овие афери и овие документи секогаш излегуваат неточни. Нема дилема дека е прислушувано од внатре, нема дилема дека има упад од надвор и нема дилема дека овие што ги најдоа овие прислушувања сега вршат упад во разговори. Една политички партија е осум години на власт и другата е во опозиција и таа се обвинува дека таа го нарушила изборниот процес#, рече Тачи.

Тачи очекува правна разврска на аферата, иако, како што рече, останува да видиме дали таа ќе биде коректна.

„Мислам дека како и сите други афери што се случија во Македонија ќе заврши неуспешно. Единствено рамнодушноста на Ахмети и ДУИ што имаат пакт и договор со Заев да не им објавува ништо на суд ќе се урне. Некој друг ќе објави за нив зашто многу јасни се документите што покажуваат за нивна вклученост во корупција, криминал и во нарушување на избори. Внимавајте од страна џелатот на Албанците излегува дека ДПА ги манипулирала изборите, а од ДУИ се многу коректни“, изјави Тачи.

Еден од аудио разговорите кои ги презентираше вчера СДСМ беше и оној за кој посочија дека е помеѓу Мендух Тачи и шефот на УБК Сашо Мијалков, каде лидерот на ДПА му вели дека му е верен до смрт.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија