Меморандум за соработка, ќе нема погрешни податоци за стажот на вработените во МО и Армијата

Од:

На сите вработени во Министерството за одбрана и Армијата, во иднина точно и целосно ќе им се регистрираат податоците за стаж и нема да се создаваат проблеми при нивното пензионирање. Тоа го предвидува денеска потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Министерството за одбрана и Фондот за ПИОМ, а кои заеднички го решија и проблемот на 400 пензионери од МО и Армијата кои поради погрешни податоци земале пониски пензии во изминатите девет години од нивните колеги.

-Покажуваме дека институциите можат да бидат поефикасни, да соработуваат на поедноставен начин, а се со цел да го олеснат и подобрат квалитетот на живот на гражаните. Ќе овозможиме на сите грааѓни, а особено на идните пензионери да не размислуваат дали нивните придонеси се исплатени и дали се регистрирани како такви, рече министерката за одбрана и вицепремиерката Радмила Шекеринска по потппишување на Меморандумот со директорот со Фондот Шаип Зенељи.

Шекринска додаде дека како држава во еден период одвреме навреме пензионерите не можат да најдат податоци за својот стаж и дека поради тоа имаа пониски пенизии. – Тоа, посочи, за жал се случуваше дури и кога ако осигуреникот или пензионерот работел во државна институција. Со овој Меморандум ние целосно ги покриваме и поранешниата вработени и сегашните во МО и Армијата и покажуваме дека секој иден пензионер може да смета на тоа дека стажот во МО и во Армијата нема шанси да биде изгубен и дека секогаш ќе биде точно и навремено регистриран. Пред еден месец го решавивме проболемот на 400 поранешни пензионирани офицери од Армијата кои се пензионирале во периодот од 2005 до 2010 година и кои поради одредени грешки во законите, одредени грешки при пензионирањето сите овие 10 години претходно остварувале пониска пензија отколку нивните колеги.

Оцени дека ова прашање на 400-те пензионери е решено благодарение на иницијативата и во Собранието на неколку пратеници и на соработка на МО со Фондот и со неколку други министерства.

-За нецели две недели Фондот заедно со вработените од МО успеаја да им издададат целосни решенија за да може овој поблем да биде целосно решен, рече Шекеринска.

Таа потсети дека со новиот Закон за служба во Армијата првпат е воведен не само бенифициран стаж за сите во Армијата, туку е воведено и пензионирање под поволни услови за кои дополнителните средства ќе ги дава континуирано МО.

-Со овој денешен Меморандум покажуваме прво дека ќе можат да сметаат на целосно регистриран придонес, но притоа и можат да сметаат на повиоска пензија. При тоа Фондот нема да се чувствува оштетен бидејќи средствата ќе доаѓаат и од буџетот на одбраната и ние на вистински начин ќе покажеме дека државата која станува членка на НАТО, обезбедува НАТО услови за своите војници, офицери и подофицери. Не е случајно е што е денеска кога го ратификуваме Протоколот за членство во НАТО, на еден свечен ден покажуваме дека членството во НАТО не е само голема политика, туку е и поголема грижа за сите наши вработени и сите наши граѓани, рече Шекеринска.

Директорот на Фондот појасни дека преку Меморанудумот се ќе се обезбедуваат електронски податоци за стажот и усогласување на платите на вработените во МО во период од 1990 до 2006 година.

-Со Меморандумот се утврдува и начинот на спроведување на контролата, одговорноста, точноста и потполноста на податоци, се дефинира и електронскиот начин на преземање на податоците. Со овој Меморанудм преземањето на податоците ќе претставува софицстициран начин на преземање на податоците за стажот и платите на вработените, односно МО ќе се спаси од пополнување хартии и пријави, а ние ќе ослободиме од собирање на хартиите, истакна Зенељи.

Оцени дека со овие активности ќе се обезбедат комплетни и точни податоци.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори