Меморандум за Системот на податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари

Од:

Меморандум за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари ќе биде потпишан денеска во Владата.

Потписници на меморандумот се министерствата за правда, внатрешни работи, информатичко општество и администрација, Државната комисија за спречување корупција, Јавното обвинителство, Специјалното јавно обвинителство, како и претседателите на судовите.

На настанот обраќања ќе имаат министерката за правда Рената Дескоска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Главен корисник на оваа алатка ќе биде ДКСК.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ