Мемети: Најостро го осудувам прислушувањето, се работи за грубо кршење на човековите права

Од:

„Не знам дали воопшто може да се каже дека во Македонија постои правото на приватност и правна сигурност на граѓаните“, изјави за 24 Вести народниот правобранител Иџет Мемети, откако вчера беа објавени аудио записи од прислушувани разговори, кои ги презентираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Се работи за грубо прекршување на едно од фундаменталните човекови права, и јас како Народен правобранител на Република Македонија најостро ја осудувам оваа појава, без разлика дали се работи за снимање или прислушување на јавни личности или на останатите граѓани. Оваа појава верувајте ќе остави многу тешки последици и за граѓаните но и за нашето општество, и е застрашувачки наједноставно речено. Повикувам како Народен правобранител на разум, рече Мемети.

Би можело да ве интересира

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов

Издаден налог за апсење на уште 122 воени лица поради неуспешниот обид за пуч во Турција

СЈО нема кривично да го гони Звонко Костовски во предметот „Пуч“

Наум Локоски

Leave a Comment

nine − 2 =