Мемеди: Во стабилна состојба e детето затруено со таблети

Од:

Продолжува опсервацијата на петгодишното дете од Делчево, кое синоќа проголтало две таблети антидепресив за возрасни и потоа било примено на Детската клиника во Скопје.

– Петгодишното дете од Делчево синоќа беше примено на Детската клиника во Скопје со брза помош, со податок за испиени две таблети антидепресив за возрасни. Детете е примено во релативно стабилна состојба, мониторирано, во тек на дежурство со стабилни параметри. Денеска продолжуваме со опсервација на детето до утре, а ако се е во ред, детето ќе биде пуштено дома, изјави за МИА директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје д-р Реџеп Мемеди.

Тој посочи дека скоро секоја недела имаат вакви или слични случаи и апелираше родителите да бидат внимателни каде ги оставаат лековите за возрасни, средствата за хигиена и корозивни супстанци, односно да внимаваат тие да не бидат на дофат на децата.

На Детското одделение во Општата болница со проширена дејност во Кочани синоќа било донесено петгодишно дете од делчевското село Тработивиште, за кое било пријавено дека проголтало неколку таблети.

Од Кочанската болница го потврдија случајот и информираа дека детето било донесено со медицинска придружба од Делчево, било во свесна и контактибилна здравствена состојба, но поради понатамошна контрола и превентива, дежурниот педијатар го препратил на Детската клиника во Скопје.

Според првичните сознанија, петгодишното дете проголтало таблети золпиден, кои се користат за регулирање на сонот кај возрасните, при што се употребува половина таблета.

Би можело да ве интересира

Дете е пронајдено во бесознание во базен, итно е згрижено на скопските клиники

Горан Наумовски

Болницата „Козле“ е без вода, децата ќе одат по други клиники

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) МВР: Уапсен е таткото кој и ги врзал рацете на својата 11-годишна ќерка

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Го крена 18-месечното дете и со сета сила го фрли на подот – Белорусин ќе одговара за обид за убиство

А1он

Го продаде двегодишниот син за 21.500 евра за со парите да „отпочне сопствен бизнис“

А1он

Мајката се породила дома, мртво новороденче донесено на Детска клиника

Катерина Ѓуровски