(ВИДЕО) Мехмети: Подготвени сме за долга предизвикувачка битка

Од:

Невенка Крушаровска има полну 62 години, ги исполнува условите да оди во пензија и побара според законот, да биде разрешена од функцијата заменик народен правобранител.

Но таа не го исполни Бадентеровиот принцип, и собранието и кажа дека не може да оди во пензија.

Ова е резултат на противењето на пратениците од ДУИ, НДП и ДПА за носење на закон за бранителите. Тие ќе гласаат против сите предлози во собранието.

Колатерална штета денеска беше Невенка Крушаровска која велат се најде во погрешно време да ги исполни условите за пензија.

Ермира Мехмети рече дека во моментов има етничка поделба но рече Албанците не се плашат од мајоризација.

„Првпат етничките Македонци ја носат државата кон нов устав. Ние сме подготвени за долгата, предизвикувачка битка“.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата