Мехмети на Конференција на претседатели на комисиите за европски прашања

Од:

Претседателот на Комисијата за европски прашања Ермира Мехмети ќе учествува на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ-КОСАК, што утре и задутре ќе се одржи во Рим, Италија, во рамките на италијанското претседателство со Европската унија.

На конференцијата, информира собраниската прес-служба, ќе стане збор за претстојните приоритети на италијанското претседавање со ЕУ, за што обраќање ќе има државниот потсекретар на Претседателството на Советот на министри, задолжен за европски прашања, Сандро Гози, како и потпретседателот на Европската комисија, Марош Шевчовиќ.

Во рамките на КОСАК конференцијата, Мехмети ќе учествува и на состанокот на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите од ЈИЕ, кој е посветен на размената на мислења за прашањата поврзани со медитеранската димензија на европските политики.

Ова е прва покана за учество на Македоија на оваа конференција, која е воспоставена како практика за време на грчкото претседавање со Унијата.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите