Меѓународниот ден на младите во знакот на миграцијата

Од:

Поактивна вклученост на младите во сите општествени процеси, како и унапредување на нивната положба, беше пораката која денеска ја испрати Националниот младински совет (НМС) по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на млади.

Овогодинешната прослава на Меѓународниот ден на младите е во знакот на миграцијата, а како што истакна Ивана Давидовска, претседател на НМС, во Македонија една четвртина од населението се млади, кои се соочуваат со безброј предизвици од економски или социјален карактер, потенцирајќи ги младинската невработеност и мигрирањето.

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, ги повика младите да бидат поактивни и поконкурентни, бидејќи како што истакна „Таа држава што има младина има и иднина“.

DSCF5360

Тој ги наведе последните статистички податоци според кои младите од 15 до 24 години учествуваат во вкупно активното население со околу 10%, додека само 6,7% се дел од вкупно вработените во државава. 18% од младите се дел од вкупниот број на невработени во Македонија, додаде Бесими. Тој не одговори на прашањето на еден ЛГБТ активист, кој запраша дали како причина на напуштањето на земјата од страна на младите е и дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација.

Миграцијата на младите од Македонија е предизвик, а процентуална застапеност на мигрирање е поголема од од онаа на светско ниво. Во Македонија во 2012, младите мигранти се застапени со 16% од граѓаните кои мигрирале надвор.

VA5_9671

Причините за миграцијата на младите се многубројни, но најчесто споменувани се економските потешкотии и невработеноста, но и образовните можности.

Петра Андерсон од Делегацијата на ЕУ, истакна дека ЕУ има голема важност за младите и нивната иднина. Таа порача дека младите не треба да бидат пасивни во соочувањето со предизвиците, да бидат креативни и да се фокусираат на многу поголеми цели.

„ЕУ ќе продолжи да работи со оваа држава“, порача Андерсон.

На денешниот настан беше промовирана и публикацијата „Младинското органзирање во Македонија“ која има за цел да го доближи до граѓаните процесот на младинското организирање, неговите идеи и потенцијали, како и потребите од постојано иновирање на младинската политика како значаен инструмент на секое општество.

 

[nggallery id=221]

Давидовска во име на младите ги повика сите лидери во општеството од сите сектори, да се посветат на градење на партнерство со младите, бидејќи на тој начин младите ќе бидат охрабрени да станат агенти на проментите и дел од целото општество.

Бертранд Демулан, в.д. координатор на ОН, од УНИЦЕФ во Македонија, истакна дека идентификуваните приоритети за младите се образовнаието, поголемата одговорност од владата, како и поголеми можности за вработување.


Темјана Поповска

Фото: Ванчо Џамбаски

Би можело да ве интересира

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски

Секое второ 15-годишно девојче во Mакедонија е тажно и се чувствува безнадежно, секое трето е осамено – анализа на СЗО

Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите

Млади инвоатори ќе ја претставуваат Македонија на глобалниот младински предизвик Generation unlimited – Технологија за планетата 2022

Ковачевски: Со младите креираме политики за развој на државата

А1он