Меѓународна соработка за развој на регионот „Преспа“

Од:

Во село Царев Двор, Општина Ресен денеска ќе се одржи осмиот состанок на Групата на заинтересирани страни за прекуграничниот регион „Преспа“.

Главни теми на состанокот ќе бидат: презентација на подготвените промотивни брошури за регионот „Преспа“, реализирана промоција на регионот на други настани, имплементација на активностие поврзани со програмата „Луѓе за луѓе“, дискусии за следната фаза и идните специфични активности при имплементација на Пристапот базиран  на развој на територија (ABDA) во прекуграничниот регион „Преспа“.

Состанокот се одржува во рамки на втората фаза од проектот финансиран од ЕУ „Подготовки за спроведување пристап базиран на развој на територија – Area Based Development Approach (ABDA) во земјите на Западен Балкан “, кој е имплементиран од Постојаната работна група за Регионален рурален развој во Југоисточна Европа.

На состанокот ќе присуствуват претставници од јавните институции, бизнис секторот, невладини организации и други од Македонија и од Албанија кои преку заедничката соработка ќе придонесат за одржлив економски раст и развој на регионот „Преспа“.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

A1on

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Локализиран пожарот во националниот парк „Преспа“

А1он

Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец

А1он