Меѓународна потерница по Јусуф Миракхмедов, поранешниот директор на Фени поставен од Cunico Resources

Од:

Поранешниот директор на Фени Индустри, Јусуф Миракхмедов, се бара со меѓународна потерница во соработка со Интерпол. Миракхмедов за директор во Фени беше поставен од Кунико рисорсис (Cunico Resources) во период од 2015 до 2017 година.

Се бара по наредба КО бр.28/19 од ОЈО – ГОКК за истрага за сторени кривични дела „Перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 и „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичен законик.

Во ноември 2017 година, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава за Миракхмедов, сомничејќи го за злоупотреба на службена должност и овластување. Тогаш во текот на истрагата Финансиската полиција утврдила дека Јусуф, тогашен директор незаконски отуѓувал резерви на фероникел и друга руда од фабриката.

Во декември истата година, Управата поднесе и втора кривична пријава против Миракхмедов поради основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување. Миракхмедов направил неоснован отпис на незастарени побарувања на Фени со што се сомничи дека ја оштетил фабриката за 51.505.526 американски долари.

Исто така покрената процедура за издавање меѓународна потерница и против Џереми Неадс, (Jeremy Neads) главен извршен директор на Кунико Рисорсис (Cunico Resources) и неизвршен Директор во Фени во периодот 2015-2017 година.

Од 2015 до 2017 година под водство на Јусуф Миракхмедов и членовите на Одборот на директори, се исцрпувале сите резерви руда, репроматеријали и резервни делови а не се вложени ниту долар од заложените 66,5 милиони долари. Сите долгови што компанијата ги трупала во овој период со притисоци се префрлани за 2017 година. Претходниот сопственик Кунико ресурсис го остави Фени индустри со долгови од 67 милиони евра и повеќе од 250 кредитори чии побарувања останаа неплатени, а вработените со неисплатени плати и никаква иднина. Ова беше главната причина за Фени на 30 октомври 2017 година да биде отворена стечајна постапка.

Би можело да ве интересира

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

Орце Костов

Исклучени печките во „Фени“, вработените една седмица на работа, три дома со 70 % плата

Маја Илиевска-Пачемска

„Еуроникел“: Нема отпуштања во „Фени“ ниту фабриката се продава, почнува плански ремонт

Маја Илиевска-Пачемска