Меѓународна научна конференција за природно-математички науки

Од:

На Државниот универзитет во Тетово денеска беше отворена првата меѓународна научна конференција на природно-математички науки во организација на Факултетот за природно-математички науки.

На конференцијата ќе се дебатира за најновите истражувачки достигнувања, идниот развој и иновативните решенија во областа на природните науки и ИКТ.

– Овој научен собир кој за прв пат го организираме ги собра најпознатите експерти за да дискутираат за најновите истражувачки достигнувања, изгледите за идниот развој и иновативните апликации во областа на компјутерските науки, математиката, физиката, хемијата, биологијата, географијата и екологијата. Треба да се напомене дека Факултетот за природно-математички науки при Универзитетот во Тетово, веќе ги има соодветните кадри и потребното институционално искуство за успешна реализација на проекти од големо значење за природните науки, изјави проректорот за настава Решат Ќаили.

Покрај презентацијата на студии и научните достигнувања во областа на информатичката технологија, математиката, физиката и сродните науки, ќе третираат и прашања од областа на екологијата.

– Екологијата како еден од предизвиците на новиот век се соочува со изнаоѓање на ефикасни начини за заштита и унапредување на животната средина како неопходен услов за понатамошно постоење на човекот и цивилизацијата. Со менувањето на природата во согласност со тековните потреби, користењето на природните ресурси без никакви критериуми влијаеше врз загадувањето на животната средина. Затоа овие научни размислувања покрај тоа што се неопходни треба да се применуваат и од страна на надлежните органи, рече Ќаили.

На денешното отворање беше промовиран и првиот број од научното списание на Факултетот за природно-математички науки, а професорот од Албанија, Сазан Гури одржа предавање за заштитените региони во Албанија.

Би можело да ве интересира

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Фирмата на семејството Дестани која требаше да ја гради фабриката за автомобили во Тетово оди во стечај

Орце Костов