Меѓународна научна конференција SEE SDEWES Ohrid 2014

Од:

Во Охрид денеска ќе биде отворена 9. Меѓународна научна конференција за одржлив развој на системи за енергија, вода и животна средина – SEE SDEWES Ohrid 2014.

Форумот е во организација на Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при Македонската академија на науките и уметностите (ИЦЕОР – МАНУ), Универзитетот во Загреб и Техничкиот институт во Лисабон (IST).

Конференцијата е посветена на унапредување и ширење на знаењето за методите, технологиите и политиките во функција на постигнување одржливост преку раздвојување на растот од природните ресурси и премин кон економија базирана на знаење.

На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 120 научници од 32 земји, кои своите научни резултати ќе ги претставуваат во паралелни сесии, научни панели и предавања. Најдобрите трудови ќе бидат поканети за објавување во партнерските меѓународни научни списанија со импакт фактор.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија