Меѓународна летна школа за управување во услови на мигрантски криза

Од:

На Воената академија во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје денеска ќе биде отворена Меѓународна летна школа „Управување во услови на мигрантски кризи” која ќе трае до 24 јуни.

Во шесте дена на Летната школа ќе има околу сто учесници од регионот. Организатор е Филозофскиот факултет од Скопје, заедно со Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево и Велеучилиште од Велика Горица.

– Летната школа ќе биде можност студентите и практичарите преку програмата за доживотно учење да се стекнат со потребните знаења и вештини за справување со безбедносните предизвици предизвикани од мигрантските кризи, соопштија организаторите.

Покрај деканите на факултетите кои го организираат настанот, најавени се и обраќања на вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски и директорите на Центарот за управување со кризи и Агенцијата за заштита и спасување, Агрон Буџаку и Аднан Џафероски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската