Меѓународен натпревар во стрелаштво „Гран-при Скопје 2012“

Од:

На стрелиштето „Камник“ кај Скопје денеска ќе се одржи Шестиот меѓународен Гран-при турнир во стрелаштво „Скопје 2012“.

Турнирот е организиран од Македонската спортска стрелачка федерација.

Се очекува да настапат околу 400 натпреварувачи од Македонија и регионот во повеќе дисциплини на гаѓање со пиштол, пушка и снајперска пушка.

Ќе учествуваат спортски стрелци, припадници на специјални армиски и полициски единици, шумска, царинска, финансиска и судска полиција, агенции и служби за приватно обезбедување, питомци од Воената академија и студенти од факултетите за безбедност, детективи, криминалистика и одбрана, како и членови на ловечки друштва и други љубители на стрелаштвото.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Новата американска нуклеарна доктрина го води светот кон нуклеарна војна

Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство на оружје и муниција

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот