Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка

Од:

Tридневниот меѓународен фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка ќе започне утре вечер со свечено дефиле на стотина играорци, репрезенти на фолклорот и традицијата од седум Евроски и Балкански држави.

Градоначалникот на Крива Паланка ги повика граѓаните да ги проследат трите фестивалски вечери кои со дефиле ќе започнуваат од разни реони на градот.

– Во следните три дена Крива Паланка ќе живее во фолклорен манир, низ градот ќе одекнуваат звуците на тардиционалните инструменти на државите од кои доаѓаат учесниците, а сограѓаните ќе можат да уживаат во истите и во нивните населби, бидејќи секоја вечер едночасовно дефиле кое ќе почнува во 18 часот ќе минува низ повеќе населби, од Осичка маала, Илинденска, главната улица св.Јоаким Осоговски , а главните концертни настапи ќе се се одржат на градскиот плоштад, изјави гардоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Рече дека идејата на почетокот кога е основан фестивалот, била во пресрет на големите празници Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на свети Јоаким Осоговски, кој се одбележува на 29 август, светец–закрилник на Крива Паланка, градот да има убава празнична атмосфера десетина дена, кои почнуваат со алетрнативниот фестивал Џојфест.

Организатори на Меѓународниот фолклорен фестивал се локалната самоуправа на општина Крива Паланка и Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.

Фестивалската програма на трите вечери во 18 часот ќе отпочнува со свеченото дефиле низ главната улица Свети Јоаким Осоговски, настапите на фолклорните друштва се на централниот градски плоштад, во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

Координативен состанок за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка

Предраг Петровиќ

Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици

Крива Паланка поднесe кривични пријави поради неспроведените решенија за одземање на добитокот

А1он

Митовски бара законски овластувања за да го реши проблемот со добитокот по улиците во Крива Паланка