А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Меѓу мигрантите во Македонија досега 18.089 деца без родители

by А1он28/12/2015 - 10:53100
Share0

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 27.12.2015 издадени се потврди  потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.954 странски државјани, од кои 1.552 се од машки пол, 812 се од женски, 1.579 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.666, Ирак-1.358 и Авганистан–930.

Во периодот од 19.06.2015 до 27.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 377.257 странски државјани, од кои, 204.344 се од машки пол, 63.562 се од женски, 91.262 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.089 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-210.668 потоа Авганистан-93.113, Ирак-52.035, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 27.12.2015 до Секторот  за азил не е поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 27.12.2015 година до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и  23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барањеод државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 27.12.2015 година евидентирани се вкупно 24 баратели на азил од кои 12 мажи, три жени и девет деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил ( три мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател  )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

migranti

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 17:30

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 14:09

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео