Меџити: Охридскиот рамковен договор e основа за меѓуетничка еднаквост и стабилност на земјата

Од:

На настан во Чаир, кандидатот за градоначалник од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, беше прашан за последните изјави во врска со Бадинтер.

Меџити нагласи дека Бадинтер и Охридскиот рамковен договор се темелите на државата.

Ние сме во кампања за локални избори и треба да се занимаваме со проблемите на граѓаните. Кога ќе дојдат парламентарните избори, ќе се занимаваме и со тие теми. Што се однесува до изјавите на Димитриевски, веројатно тој се занимава со филмови од пред 2001 година. Тие филмови завршија. Бадинтеровото мнозинство и Охридскиот рамковен договор се темелите на државата. Тоа е иднината. Сe друго е стар филм и дел од минатото“, изјави Меџити.

Според него, почитувањето на Охридскиот рамковен договор и механизмот на Бадинтер останува основа за меѓуетничка еднаквост и стабилност на земјата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

Горан Наумовски

Поранешен пратеник и директор од ДУИ премина кај Изет Меџити

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Се официјализира соработката на ВРЕДИ и Изет Меџити за Мирослав Лабудовиќ во вториот круг од изборите

Горан Наумовски