Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на новинарско прашање во однос на ветувањето дека ќе бидат вработени сите што се на определено, но и поради тоа што им завршуваат и договорите за работа, истакна дека како член на Владата на утрешната владина седница ќе покрене безкомпромисно прашање што ќе се случи со тие што се на определено веќе четири, пет или шест години со договори на дело.
„Ќе упатам критики кон Министерството за финансии, шест, седум месеци договарам заедно со министерот за финансии – премиерот тогаш не назначи мене, министерот за финансии и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
Направивме групи, работевме на тоа, јас навистина макотрпно работев и не знам зошто не се случува ова. И утре како член на Влада, како министер за здравство ќе го покренам многу динамично и безкомпромисно ова прашање што ќе се случи со тие што се на определено веќе од оваа влада, некаде четири, пет години или шест години договори на дело“, рече министерот Меџити.