Меџити: Инспекторатот e на терен во „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

Од:

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор што се прави на депонијата Вардариште“.

– Веќе е испратен Инспекторатот на терен и ги чекаме резултатите. Врз основа на тоа, ќе одговориме, изјави Меџити одговарајќи на новинарски прашање по денешната прес-конференција по презентацијата на Проектот за субвенционирање на 200 електрични возила за таксистите.

Жители на скопските општини Аеродром и Лисиче веќе неколку дена од 18 часот протестираат барајќи решавање на проблемот со депонијата Вардариште од каде, како што тврдат, се шири чад и отровна миризба.

Дивата депонија Вардариште“ деновиве беше и тема меѓу кандидатите за градоначалници на Скопје кои нудеа решенија за надминување на проблемот.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

Горан Наумовски

Поранешен пратеник и директор од ДУИ премина кај Изет Меџити

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Се официјализира соработката на ВРЕДИ и Изет Меџити за Мирослав Лабудовиќ во вториот круг од изборите

Горан Наумовски