Меџити го разреши д-р Јовев кој ја изврши првата трансплантација на срце оти седел и спиел десетина години без резултати

Од:

Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев, а информацијата министерот ја потврди на промоцијата на новата онлајн услуга за електронска регистрација.

Доктор Сашко Јовев инаку го предводеше тимот што ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија во 2020 година.

-Веќе нема директори кои седат и спијат по 5-10 години и немаат никаков резултат. Затоа здравството ни е во ваква амортизирана состојба. Секогаш кога ќе има нерегуларности во работењето и сè друго, јас вака ќе постапам. Ова е само почеток. Тоа е кадар на коалициониот партнер на СДСМ, тие ќе предложат друго име. Нема никој тука да биде вечно, бесмртен да биде. Ниту јас, ниту директорите. Кој нема да сработи, ќе биде отпуштен, кажа Меџити.

Директорското место на Кардиохирургија, неофицијално, ќе го преземе Ваљон Асани, интервентен кардиолог од Тетово.

Би можело да ве интересира

Кривична за директор на ЈКП „Гази Баба – 2007“, склучил седум незаконски договори

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка

Зголемена смртност на Кардиохирургија нема, разрешен сум противзаконски – Шокаровски вели дека има хајка против Клиниката

Анита Петровска Рајковиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Иљази за разрешениот директор: Петровски ја вработи снаа му, а не можеше биологот и 18 лица

A1on

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он