Меџити: Горна Македонија е прифатлив предлог

Од:

Изет Меџити, потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Општина Чаир, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека и партијата и народот се уморни од избори, премногу ги имало. ДУИ е повеќе да се осврнеме и да ги решиме проблемите, па и името, отколку цело време да се оди на предвремени избори.

Став за евентуално напуштање на коалицијата доколку нема решение за името, вели, треба да донесе централното претседателство, до денес нема таква одлука, може тоа да се случи утре, задутре или подоцна. Штом не с излегле од владата, тоа значи дека сè уште има простор за нивните заложби.

„Наш став беше дека нема да прифатиме име коишто ќе има предзнак југословенски и две-три коишто беа спорни, а сè друго е прифатливо. И Горна Македонија, ние уште на самиот почеток јавно кажавме дека е прифатлив предлог“, одговори Меџити на прашањето дали Али Ахмети, му одигра зад грб на премиерот Груевски со неговата изјава дека последниот предлог на Нимиц е Горна Македонија .

Меџити вели дека сè уште се оптимисти и сè уште има простор за нивните заложби и затоа сè уште се во Владата.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата